Започна аплицирањето за добивање место во државните студентски домови

Аплицирањето за добивање место во државните студентски домови за следната студиска година започна, преку електронско пополнување на пријава њњњ.конкурси.мон.гов.мк, а ќе трае до 12 август.

Начинот на распределба на местата ниту во условите за прием ќе биде по старо. Како што пишува во конкурсот на МОН, 40 отсто од слободните студентски легла ќе бидат наменети за студентите кои се деца без родители, со посебни потреби, на самохран родител или на невработени, како и оние семејства каде вкупните приходи не се поголеми од минималната плата.

За студентите со висок успех се наменети 25 отсто од местата, а преостанатите 35 отсто ќе ги пополнат студентите кои не припаѓаат во некоја од наведените групи.

Според наведеното, и годинава место во домовите ќе нема за оние кои го нарушувале куќниот ред и имаат воспитна мерка, останале должни за повеќе од еден месец за сместувањата од минатата година, како и за студентите што по втор пат се запишани како апсолвенти или оние на постдипломски студии.

Годинава место ќе има за 5.498 студенти, најмногу, околу четири илјади се за во Скопје.