Запленети од УЈП: Се распродаваат мерцедеси и шевролети по цени до 1500 евра

Предметите запленети од даночни обврзници за неколку дена ќе се најдат на комерцијална продажба на јавна аукција организирана од УЈП.

Како што се соопштува на таа аукција ќе може да се купат мерцедеси од 1984-та, 1985-та и 1986-та година по почетна цена од од 1.000 до 1.500 евра, Шевролети за истата таа сума, како и Ситроен и КИА.

Ќе се продаваат и магацини во општина Чашка за 145.000 евра и државно градежно неизградено земјиште во Свети Николе за 65.000 евра.

Доколку сте заинтересирани за учество во  е-аукциите на УЈП потребно е само да се регистрирате како корисник на e-aukcii.ujp.gov.mk.