Комбинација на зеленчуци со сочно пилешко ...

Потребно е:
600 гр откостени надкопани
1 главица кромид
1 чешне лук
2 црвени пиперки
2 зелени пиперки
1 тиквичка
1 поголем компир
1 чаша грашок
1 лажица пире од домати
2 лажици маслиново масло
сол, бибер
мелена црвена пиперка

Подготовка:
- Во подлабока тава на загреано маслиново масло пропржете го ситно сецканиот кромид и изгмечениот лук.

- Додадете ги пиперките исецкани на коцкички и динстајте неколку минути.

- Потоа додадете го и пилешкото месо исечено на парчиња. Поклопете ја тавата и динстајте на средна температура додека да испари целата течност. Потоа додадете го пирето од домати и убаво измешајте.

- На крај додадете ги тиквичката и компирот исецкани на коцки. Измешајте и сипете 400 мл врела вода. Зачинете со сол и бибер.

- Целата содржина од тавата сипете ја во огноотпорна тава за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени додека да омекне компирот и убаво да се запече.

- Послужете со сварен ориз или пире од компири.