Запалени шест контејнери во Дебар Маало, пожарникарите спречија поголем пожар

Предмалку шест пластични контејнери изгореа на ул. Алберт Ајнштајн во Дебар Маало, а оштетени се и неколку околни дрвја, во веројатно намерно запален пожар. Според објавата на фејсбук страната на Град Скопје, брзата реакција на пожарникарите спречила пожарот да се прошири во околните згради.

Од таму најавуваат дека оштетените контејнери ќе бидат заманети уште вечерва.

Ова не е прв случај на запалени контејнери. Градот Скопје изминатиот период во неколку навради информираше и алармираше до несовесните граѓани да престанат да ги уништуваат контејнерите. Mинатата година во Скопје беа уништени повеќе од 100 контејнери, а сторилети сеуште не се откриени.