Загаденоста во Лисиче и Куманово повторно опасна по здравјето

Загаденоста на воздухот во скопската населба Лисиче и во градот Куманово е екстремно висока и претставува опасност по здравјето на граѓаните.

Синоќа во Лисиче концентрацијата во воздухот со ПМ10 честичките беше над 300 микрограми на еден кубен метар, од максимално дозволените 50.

И Кумановци вчера дишеа премногу загаден воздух каде се измерени 220 мг/м3.

Иако во овие населени места синоќа беше најзагадено, воздух опасен по здравјето дишат граѓаните од повеќе скопски населби и поголем дел од градовите.

Токму аерозагадувањето придонесе да се наполнат болниците со пациенти кои се жалат на болки во грлото, кашлица. Зголемен е и бројот на деца со бронхопневмонии. Поради ширењето на загадениот воздух според податоците на Институтот за јавно здравје годишно умираат над 1000 луѓе.