Заев: Градбата и развојот на Скопје мора да продолжат во дослух со граѓаните

- Масакар сме направиле заради тоа што градиме. Ние ќе го слушаме гласот на граѓаните. Мојата порака е градбата, развојот на Скопје мора да продолжи неизнасилено, умерено во дослух со граѓаните преку јавните анкети, преку стручните расправи, со богато зеленило внатре за да може главниот град модерно и убаво да  се развива онака како што скопјани тоа го посакуваат. Денеска кога ова го прашувате го давам одговорот на Денот на ослободувањето на Скопје. Слободата не би била комплетна ако не ни биде примамливо Скопје за живеење, за сите нас коишто доаѓаме времено во Скопје, но пред се на граѓаните на Скопје, изјави премиерот Заев одговорајќи на новинарски прашања.

Тој порача дека треба сите будно да следат, како градоначалниците кои имаат надлежност, пред се на советите што ги носат урбанистичките планови, но и јавноста, соседите на локациите, и сите заедно, како што рече, да  го чуваме Скопје, да ја чуваме околината во која живееме заради тоа што тоа е наша обврска.