Забавна фудбалска школа се одржа по 16-ти пат во Општина Ѓорче Петров

Отворената забавна фудбалска школа „Ѓорче Петров“ се одржа по 16-ти пат во Општина Ѓорче Петров.

Спортски тимски дух и позитивна атмосфера можеа да се забележат меѓу младите кои на стадионот „Македонски лавови“ во општината Ѓорче Петров уште еднаш ја докажаа заложбата, масовно да се вклучат во спортот преку игра и забава.

Околу 200-тина ученици од основните училишта од општината придружувани од своите одделенски наставници учествуваа во летната забавна фудбалска школа во организација на општината Ѓорче Петров.

Фудбалските тимови беа составени од момчиња и девојчиња на возраст од 6 до 11 години. Во следните неколку дена забавата , дружењето и спортувањето ќе биде доминантно на овој терен.

„Задоволство е големо кога на едно место ќе видите огромен број на ученици кои сакаат да спортуваат и да се натпреваруваат, секоја година во се поголем број. Почетокот на оваа учебна година е одлична можност да се започне во знакот на популацијата и унапредување на спортските активности во кои е вклучена најмладата популација од општината“ , истакна Градоначалникот Сокол Митровски.