Забавата викендов е во скопската Зоолошка, ќе има хуманитарен базар

ЈП Лајка и ЗОО-Скопје оваа сабота, 16. април, организираат Хуманитарен базар за кучињата во прифатилиштето на ЈП Лајка.

Хуманитарниот базар е дел од кампањата "Милениците се наше семејство,не ги напуштајте!", која успешно се спроведува преку различни активности и настани изминатите неколку месеци.

На овој хуманитарен базар со свои ракотворби може да се пријават сите хумани граѓани, активисти и љубители на животни, деца и млади креативци, пријатели и поддржувачи на ЈП Лајка.

Доколку сакате да придонесете за кучињата згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка и сакате да се пријавите со свои уметнички ракотворби испратите меил на info@lajka.com.mk. Повикот за учесници трае до петок.

Се гледаме во Зоолошката градина во сабота од 11:00 до 15:00 часот, стои во поканата од организаторите.