Забава под маски за најмалите ѓорчепетровци - Еве како ќе се слави денот на шегата

За Денот на шегата и општина Ѓорче Петров организира забава под маски за најмалите жители на општината. 

- Како секоја година, така и оваа година ќе го имаме најубавиот детски маскенбал кој ќе се случи во реонскиот парк во нашата општина. Преубавите детски маски, безбројните насмевки и огромната доза на среќа кај дечињата се она коешто нам ни дава елан и сила да го организираме овој преубав настан секоја година и истиот да биде сѐ помасовен, соопшти градоначалникот Александар Стојкоски. 

Најголеми "виновници" за оваа манифестација се основните училишта и градинките во Ѓорче Петров, кои секогаш изненадуваат со мошне инвентивни и интересни маски, вели тој и ги покани сите дечиња на Априлијада 2024!