За што сè можете да ги употребите лимоните?

Консумирањето лимони во секојдневието носи големи придобивки за вашето здравје. Лимоните се богати со витамин Ц, магнезиум и антиоксиданси кои можат да ја подобрат состојбата на вашите нокти, кожа, коса, пишува healthy holistic living.

За отстранување црнки и акни

Лимонот е природна алтернатива за лекување на акни. Потребно е само да го протриете местото со парче лимон. Има и друга варијанта - додадете неколку капки мед во сок направен од половина лимон и ставете го на деловите каде што имате црнки. По 10 минути измијте ги деловите со ладна вода.

Белење заби

Исто како и бананите, лимонот ги белее вашите заби. Растворете малку сода бикербона со лимонов сок и нанесете ја смесата на вашите заби, но не ја чувајте подолго од една минута.

Мрсна кожа

Натопете памук со лимонов сок и поминете го вашето лице пред да си легнете, а изутрина кога ќе станете исплакнете го. Ова ќе ви помогне доколку имате проблем со мрсната кожа, можеби нема целосно да го решите проблемот, но кожата нема да ви биде толку мрсна како претходно.

Сјајна коса

Измешајте лимонов сон и кондиционер, нанесете ја смесата на косата и исчешлајте ја, а потоа некој час стојте на сонце. На крајот исплакнете ја косата, а оваа постапка правете ја барем еднаш неделно. На овој начин косата ќе ви стане помека и посјајна.

Цврсти нокти

Истријте ги ноктите со маслиново масло и лимонов сок. Ова ќе го реши проблемот со слаби и кршливи нокти, но воедно ќе ги отстрани и жолтите дамки.

Чаша вода со лимон носи многу здравствени придобивки

Рецептот е едноставен. Исцедете половина лимон во чаша со млака вода наутро пред да појадувате. Овој пијалак има многу здравствени придобивки (подобрено варење, јакнење на имунитетот). За да дознаете кои се придобивките клик тука.