Сите ме замислуваа со други тип на маж или мислат дека ова не треба да се сфати сериозно и се само затоа што не разбираат.

Но, јас го гледам и го чувствувам.

Го гледам во неговите бескрајни напори секој ден да ме избере мене.

Од моите кенкави утра до бесоните ноќи, тој не оди на друго место за да бара нешто поедноставно.

Тој е покрај мене и се бори за нас. Дури и кога нашата љубов е прекрасна и изгледа дека ништо не може да не раздели, сепак чувствувам како тој се бори за нас.

Тој знае што заслужувам и не сака да почувствувам ништо помалку од љубовта која ја заслужувам.

Го чувствувам тоа во начинот на кој прави да се смејам, дури и кога не можам да најдам причина за тоа.

Кога ме фаќаат моите периоди, можам да почувствувам како ми ги брка лошит мисли.

Го гледам тоа во неговата амбиција да биде подобар човек, но не поради себе.

Тој сака да биде подобар за неговите пријатели, семејство, мене, за нас и нашата иднина. И да, тој не е совршен, но секогаш ќе биде и повеќе отколку што мислев дека ми треба.

Со него, се е добро. Никогаш немам потреба да се оддалечувам од него.

Не само што сакаме да научиме се што може да се научи еден за друг, но сакаме и да се подучуваме за други работи кои и самите не сме ги знаеле за себе.

Тој секогаш ќе биде тоа што ми треба.

Тој е дете кога ми треба потсетник дека животот е прекраток за да се сфати сериозно.

Тој ми е најдобар другар кога не можам да ги најдам зборовите за моите чувства и само ми треба некој кој ме сфаќа и ми ја разбира тишината.

Тој е мој партнер кога ми треба некој да ме истурка од комфорната зона.

Јас го бирам него затоа што нема ништо поспокојно од неговото присуство.

Не постои друга насмевка која сакам да ја чујам, не постои друг допир кој би сакала да го почувствувам и не постои живот кој би сакала да го живеам без него.