За кого ќе бидат наменети парите од данокот за солидарност?

Заменик-министерот за финансии, Филип Николоски гостуваше во „ТВ24“ каде што зборуваше за данокот за солидарност и кажа дека е веќе во собраниска процедура.

- Самото име на данокот покажува дека целта е оние што направија дополнителен профит во време на криза, кој не доаѓа со инвестиции и циклуси, да покажат солидарност токму кон оние на кои им е најмногу потребно. Тие пари ќе бидат насочени за мерки, за помош на граѓаните која им е најпотребна во ваква економска криза. Со законот ќе бидат опфатени околу 200 компании, а прв услов е ако профитот е над 10 милиони евра промет, а вториот услов е ако профитот е над 20 отсто поголем од просекот на профитот од минатите четири години. Од овој данок би се собрале околу 70 милиони евра, кажа Николоски.

Николоски посочи дека законот бил изготвен по примери од Хрватска, Велика Британија и други земји.