За девојката со храбро лице и скршено срце...

Најинтересната работа кај скршените срца е тоа што секој во секој момент може да се сруши пред вас. Никогаш не би знаеле, затоа што тие одат гордо, тие мораат да имаат храбро лице.

Вие никогаш нема да знаете дека тие претходната вечер заспале плачејќи и дека се разбудиле со грутка во својот стомак, не сакајќи да станат од кревет. Не би знаеле колку често тие гледаат слики, навраќајќи се во минатото, во времето кога се беше едноставно.

Не ги знаете овие работи, затоа што понекогаш е полесно да се преправате дека се е во ред, отколку да признаете дека некој ви го распарчил срцето и ве оставил самите да ги соберете парчињата.

За девојката која веќе го усовршила храброто лице,

Ти се восхитувам колку си силна. Тие се восхитувам затоа што не се кршиш и плачеш секогаш кога ќе го видиш или ќе налеташ на некоја слика на социјалните мрежи. И знам дека во себе страдаш, но се смееш и се преправаш дека не ти е гајле, затоа што тоа е полесно.

Кога ќе пуштиш некој во животот и срцето, тие стануваат продолжен дел од тебе, едноставно така функционира. Одиш до тој степен кога забораваш како изгледал животот без него. Тогаш одеднаш се се превртува и повторно треба сама да се соочуваш со овој живот.

Ќе се случи нешто добро и сакаш него да му го кажеш тоа. Нешто лошо ќе се случи и едноставно имате потреба да го споделиш тоа со него. Тогаш гледаш во телефонот и сфаќаш дека не можеш, затоа што не сте повеќе заедно. Ти си сама и кога си сама, со се мораш сама да се соочиш.

Размислуваш на минатото и ти недостига. Се враќаш на деновите кога се беше добро.

Но, тогаш, откако сонуваш за минатото, се враќаш во реалноста. Можеби е бавен ден на работа, можеби само што завршил денот и едноставно не сакаш да се вратиш во празен стан. Само сакаш ова чувство да помине. Сакаш болката да си замине. Но, таа те обзема. Во секој момент се чувствуваш како да си насреде бура и дека работите нема да бидат подобри. Тој е првото нешто на коешто помислуваш наутро. Тој е последната мисла пред да заспиеш. А тогаш одиш и продолжуваш без него. Ја ставаш шминката и насмевката и ја ставаш маската на храбро лице. Ако лицето може да одразува како се чувствуваш одвнатре, нема да изгледаш толку добро. Но, успеваш да ги прелажеш сите.

Сакам да знаеш дека не мора да се мачиш да бидеш силна. Не мора да се преправаш дека се е супер. Океј е понекогаш да не бидеш океј. Плачењето не значи дека си слаба. Покажувањето ранливост нема да те направи кукавица и сосема е во ред да признаеш дека си повредена.

Тоа што тој ти го направи не е фер. И посакувам да можев да ја одземам болката. Посакувам ова да не ти се случеше. Од сите желби кои ги имам за тебе, најголемата е да имаш залечено срце и да не мораш да поминуваш низ ова. Но, можам да ти ветам една работа: Ова чувство ќе помине. Ќе го надминеш ова и ќе бидеш посилна и подобра личност како резултат од тоа. Тој е идиот што не ја видел твојата вредност. Тој е будала што те повредил. И заслужуваш подобро од тоа.

Знам дека сакаш да ти се врати. Знам дека ти недостига твојот стар живот. Но, она што можам да ти го кажам е дека има некој подобар за тебе, само едноставно мораш полека да го надминеш ова. Помини низ каква и да е фаза која ти е потребна за да заздравиш. Ако тоа е одење по забави, направи го тоа. Прави како што чувствуваш дека треба. Но, најдобриот начин да преболиш е да се фокусираш на себе. И наместо да се смируваш со бившиот или да посакуваш да ти се врати, фокусирај се на тоа да се подобриш себеси и ќе привлечеш некој уште подобар од него. Тоа сигурно ќе се случи.

На луѓето што патат секогаш им кажувам дека ќе се случат две работи. Или личноста која ве повредила ќе се врати назад, сфаќајќи ја грешката која ја направила или едноставно продолжувате напред и наоѓате подобри од нив. Мислам дека двете сценарија ветуваат и затоа те замолувам да се држиш до тоа. И ако некогаш ти треба некој за да се довериш, ако некогаш решиш дека не сакаш да бидеш толку силна, ако ти треба некој за разговор, те замолувам да ми се обратиш. Ти доволно  долго беше силна сама и ти аплаудирам за силата. Па затоа, ако некогаш ти треба мотивација или уво за слушање, те молам знај дека јас сум тука за тебе, да ти помогнам да го надминеш ова и да знаеш дека не си сама.

air max 90 essential sale