Денес е вторник, 16 мај 2017 година, 136-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:08, а ќе зајде во 19:50 часот. Денот ќе трае 14 часа и 42 минути. 

Ова утро во Македонија имаме претежно облачно и топло време со високи утринските температури, кои се како последица на облачното време што го имавме во текот на ноќта. Во северните и крајните југозападни предели постојат услови за повремени и кратки сончеви периоди. 

МАКЕДОНИЈА – Во текот на денот ќе преовладува умрено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и посвежо со пад на дневните температури. Врнежите од дожд ќе ги имаме во текот на целиот ден, претпладне во југозападните, јужните и југоисточните предели со слаб интензите, попладне ќе се прошират насекаде и ќе бидат поинтензивни. Локално се очекуваат да наврнат и до 15 литри. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер. Минималните температури од 8 до 16 степени, додека пак максималните ќе достигнат до 14 односно до 23 степени. УВ индексот ќе има вредност 2. 

СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Врнежите претежно ќе бидат застапени во попладневните часови. Слаб северен ветер. Утринската температура од 13 степени, додека пак максималната дневна до 21 степен. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд во Македонија се очекуваат и во среда. Минималните температури од 5 до 14 степени додека пак максималните дневни од 13 до 22 степени. Од четврток стабилизација на времето. Во четврток и петок ќе биде претежно сончево и потопло време со пораст на дневните температури, иако во утринските бчасови и во текот на ноќта температурите ќе биде во опаѓање. Во четврток утринските од 3 до 12 степени, додека пак максималните дневни од 17 до 26 степени, а во петок минималните од 1 до 10 степени, додека пак дневните од 20 до 29 степени. Во сабота претежно сончево време со појава на локална облачност и топло со максимални 18 односно 27 степени.

Weather4all.com.mk