Времено затворен пазарот во Ченто

Од денеска пазарот во Ченто е времено затворен. Оваа одлука ја донесе Кризниот штаб на Општина Гази Баба, со цел  поголема безбедност и заштита од ширење на корона вирусот во општината.

Инаку, на територијата на Општина Гази Баба целосно се дезинфицирани сите станбени згради, а повторно започна дезинфекцијата на детските и спортски игралишта во сите населени места. 

Градоначалникот Борис Георгиевски апелира до граѓаните и покрај редовното дезинфицирање, а со цел поголема безбедност, да се воздржат од користење на детските и спортски игралишта во наредниот период.

Машински се дезинфицираа и сите главни, како и помали сервисни улици во населените места: Трубарево, Гоце Делчев, Ергеле, Маџари 2, Крсте Мисирков, Јане Сандански и Економија – напиша Георгиевски на Фејсбук.