Времена измена на режимот на сообраќај ќе има денеска на улицата Филип Втори Македонски, поради приклучување на објектот „Државни институции – Јавна администрација и Факултет за драмски уметности“ – Скопје на постојната водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација, информираат од градежното друштво „Гранит“.

Градежните активности кои се однесуваат на вршење на прекопот ќе ги врши „Гранит“.