Време е за чај

Чајот е еден од најпопуларните пијалaци во многу делови од светот и неговото консумирање е навика која сè повеќе се шири и опстојува, дури и во услови на современото живеење. Значењето на чаевите за здравјето на луѓето е сè попопуларно денес. Според историските податоци, уживањето во пиење чај датира уште далеку пред 5000 години, во Кина.

Чаевите како стимулативни напитоци станале традиција кај Кинезите и Јапонците илјадници години наназад, но постои сознание дека и кај европските народи, навиката да се пие чај е стара можеби повеќе од 1500 години. Кај нас имате можност да уживате во чај во хотел Руссиа. Разновидната понуда од овој топол напиток во комбинација со чајно колаче загарантирано ќе го подобри вашето расположение.

Многу истражувања потврдуваат дека луѓето кои имаат навика да пијат чаеви, живеат подолго од оние кои не пијат. Ако го додадете чајот како пијалак на вашето дневно мени кое е составено од здрава, немасна, претежно растителна храна, вие ќе ја имате најдобрата одбрана која ја познава денешната наука и ќе ги држи болестите далеку од вашето тело.