Вратите на црквата Свети Константин и Елена на улица Македонија се уште стојат затворени. И покрај најавите од Македонската православна црква дека до крајот на годинава ќе заврши целата изградба, вратите на храмот остануваат затворени.
Надворешниот дел на црквата е завршен, но за внатрешноста не се знае. Темелита на црквата беа поставени пред 8 години, а изградбата на истата беше повод за бројни протести.
Во моментов земјиштето околу црквата е оградено, а градежните активности се прекинати, бидејќи во јавноста излезе информација дека долг од еден милион и 100 илјади евра, ја носи црквата Свети Константин и Елена кон стечај.