Врачување на наградата „Роман на годината“ вечерва во КИЦ

Во Културно-информативниот центар во Скопје, вечерва со почеток во 19 часот, ќе биде врачена престижната книжевна награда „Роман на годината“ за 2018 што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“.

Добитник е романот „Некој бил тука“ од Николина Андова- Шопова, во издание на Темплум. Вака одлучи жири-комисијата за доделување на наградата во состав: Фросина Пармаковска (претседател), Богомил Ѓузел, Александар Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева.

nike air max 1 sale