Состојки:

500 мл млеко

1 свеж квасец

3 лажици шеќер

1 лажица сол

1 чаша масло

1 кг брашно

1 јајце

100 гр сусам

250 гр крем сирење

Начин на подготовка:

Во топло млеко разматете квасец па додајте шеќер, сол и три лажици брашно. Измешајте и оставете квасецот да надојде. Во поглем сад замесете глатко тесто од брашно, масло и надојден квасец.

Од тестото направете топчиња со големина на орев и развлечете ги на многу тенки квадрати, со пречник од прилика 13 см. Секое парче премачкајте го со сирење и свиткајте го на тенки кифлички кои наликуваат на стапчиња.

Наредете ги во плех, премачкајте ги со разматени јајца, посипете со сусам и оставете ги на топло околу 15 минути. Печете во рерна на 200 степени околу 15 минути.