Скопје отсекогаш било познато по добриот ноќен живот, а од пред една недела тој е збогатен со ново урбано место во кое посетителите ќе можат да уживаат во квалитетна музика и добар пијалак. Официјално е отворен новиот клуб „Vox“, кој ќе претставува вистинско освежување за сите посетители, благодарение на уникатниот амбиент и одличните свирки во живо.

Ноќниот клуб се наоѓа на булевар Теодосиј Гологанов во Тафталиџе кај познатите млечни ресторани и има капацитет да ги задоволи потребите на 700 гости. Секоја недела со одличен репертоар на изведувачи, клубот се труди да им понуди на посетителите забава каква што ѝ доликува на метрополата. Особено отскокнува петочната забава во која најчесто ќе свират два познати бенда во една вечер, нешто што ретко може да се забележи во нашите ноќни клубови.

На отворањето на клубот свиреше познатата рокерка Дани, додека остатокот од програмата досега ја надополнија култните „Тоа е тоа“, младиот скопски бенд „Бета Хаус“, потоа „South Park“, диџејот „Irie Scratch“, но и неколку млади надежни изведувачи кои и понатаму ќе добиваат своја шанса и простор за промоција и докажување пред публиката.

Клубот веќе започна да ја пишува својата приказна, па доколку сакате да сте дел од неа повелете секој викенд на гарантирано добра забава. За неделната програма на клубот можете да ја следите фан страницата на Фејсбук.