Вооружена драма синоќа на Партизанска

Во 18 часот и 35 минути во Скопје, во спортската обложувалница на булеварот „Партизански одреди“, засега непознат маскиран сторител извршил разбојништво над вработените.

Полицијата информира дека со закана со пиштол  насилникот одзел околу 200.000 денари, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.