Вооружен грабеж во маркет на „Тинекс“ во Скопје

Вооружен разбојник ограбил маркет на „Тинекс“ во Скопје.

Според информациите на МВР, вчера во 21.15 часот во полиција било пријавено дека во маркетот на „Тинекс“ на улицата Васил Чакаларов од страна на засега непознат сторител со закана со пиштол било извршено разбојништво врз вработената.

Разбојникот од касата одзел околу 15.000 денари. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.