ВО СПОМЕН КУЌАТА НА ТОШЕ ПРОЕСКИ: Бесплатна музичката работилница “Krusevo Workshop 2017”

Денес во Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево отпочна со работа третата по ред бесплатна музичката работилница “Krusevo Workshop 2017”.

На неа присуствуваат триесеттина млади гитаристи од сите краишита на Македонија. Работилницата ќе трае три дена, а ќе заврши со заеднички концерт на сите учесници во неа што ќе се одржи на 22 Јуни пред платото на Спомен куќата со почеток во 18 часот.

Оваа година ментор на работилницата е еден од најдобрите македонски гитаристи Дамјан Пејчиноски, кој во наредните три дена на помладите музичари ќе им пренесе дел од своето знаење, техники и пристап во свирење на овој популарен инструмент.

Овој проект има за цел да го популаризира свирењето на музички инструменти кај нас, а воедно да ја позиционира Спомен куќата на Тоше и градот Крушево како едукативен музички центар во регионов.

Проектот се реализира со подршка на Министерството за култура на Република Македонија, а во организација на Трето Уво.