Во Солун ќе слетуваме на „Македонија“, а во Скопје на „Скопје“

По одлуката на владата Аеродромот „Александар Велики“ да се преименува во „Скопје“, низа реакции на социјалните мрежи. Тоа што е интересно е дека сега патниците во Солун ќе слетуваат на „Македонија“, а патниците во Македонија ќе слетуваат на аеродромот „Скопје“.

На оваа тема на социјалните мрежи коментираше Наум Стоилковски. Тој напиша:

„Сега во "Македонија" се слетува во Солун, а тука во "Скопје". Од "Македонија" до "Скопје" се патува по "Пријателство"!
Сите три се меѓународни транспортни 'точки'; што се однесува до нас- аеродромот и автопатот се најважните- единствени релевантни точки за меѓународна комуникација!
Па измерите кој што дал, а кој што добил во меѓународна 'употреба'?