Во МКЦ ќе се одржи јавна трибина за проблематиката на напуштените кучиња, кои стануваат закана за дивиот свет

Во организација на Македонското еколошко друштво (МЕД) ќе се одржи трибина за проблематиката на напуштените кучиња, кои стануваат закана за дивиот свет. Трибината ќе се одржи на 29 август, понеделник со почеток во 9 и 30 часот наутро, информираат од Радио МОФ.

Во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се отвори темата за состојбата со бездомните кучиња во руралните средини.

„Често гледаме оставени кучиња на планински превои како Ѓавато, Буково, Маврово и Попова Шапка. А теренските истражувања со фотозамки ни откриваат и кучиња длабоко во шумите. Ова се должи на неодговорноста на сопствениците, но и на недостигот на системи за заловување и згрижување на бездомните животни“, објаснуваат организаторите.

Тие дополнуваат дека поради ова, често доаѓа до нивно мешање во природниот екосистем, што преставува повеќекратна закана за дивиот свет.