Во Крива Паланка 36,5% - во Ранковце гласале 30 отсто

До 13 часот во Општина Крива Паланка своето избирачко право го искористиле вкупно 6.166 граѓани.

– Излезноста е околку 36,5 отсто, со податоци од сите 47 избирачки места на подрачјето на општината. Гласаа вкупно 6.166 граѓани од вкупно 16.982 запишани во избирачкиот список, информира Душко Арсовски, претседател на ОИК-Крива Паланка.

Заменик-претседателот на ОИК-Ранковце Билјана Тасевска изјави дека во Ранковце до 13 часот гласале 30 отсто од вкупниот број гласачи.

Во Општина Ранковце се гласа на 13 избирачки места, а право на глас имаат 2.971 граѓанин.