Во Драмски театар: Погледнете ја "My name is Goran Stefanovski" претстава адаптација на пет дела од легендата

Во петок , 17 ноември, со почеток од 20 часот, во Драмски театар имате можност да ја погледнете неверојатната авторска адаптација „My name is Goran Stefanovski“, претстава која е настаната со монтажа на сцени од седум драми: „Црна Дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Euroalian“ и „Одисеј“ од легендарниот драматург Горан Стефановски.

Претатавата е во режија на Бранислав Миќуновиќ и драмартургот Бранислава Илиќ, која ја направи адаптацијата на текстовите, шетајќи не' низ овие седум дела на начин да изгледаат како раскажување на приказни поврзани токму преку проблематиките препознатливи за Стефановски.

Во улогите ќе ги видите исто така легендарните Мето Јовановски, Стефан Вујисиќ, Биљана Драгиќевиќ - Пројковска, Јелена Жугиќ, Игор Ангелов, Драган Спасов Дац, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Златко Митрески, Дамјан Цветановски, Ана Димитрова, Саша Димитриевска.