Започна реконструкцијата на објектот на Центарот за деца со церебрална парализа

Општина Центар го реализира проектот со поддршка од Министерството за труд и социјална политика и со донација од рафинеријата Окта.

Родителите на децата велат дека проектот ги задоволува сите потреби на нивните деца, а особено се горди што проектот сами го направиле.

Поради изградбата на новото училиште во населбата Капиштец, имаше потреба од дислокација на Центарот за престој на децата со парализа.

По 2 години, овој објект кој што ќе биде комплетно и модерно реконструиран, ќе прерасне во градинка, бидејќи тоа е повеќе од потребно во овој дел од Центар.