На корзо за кибицирање, во парк на љубење ...Да бакнеш девојка зад зграда или пред зграда било вистинска фантазија и сон на секое момче, затоа што додека се стигне до тоа, поминувале месеци во следење на саканата, праќање абери по другари и другарки, киснење.

Порано во старо Скопје да ти дозволи девојката да ја испратиш до дома, значело дека "си на коњ". Тоа значело дека девојката е веќе твоја, а кога ќе стигнеш пред зграда или пред куќа, "за бакнеж ако имало клупа добро, а ако не - на sид".

Стари скопјани раскажуваат дека да ја бакнеш зад зграда или пред зграда било вистинска фантазија и сон на секое момче. А додека стигнеле до тоа, поминувале месеци во следење на саканата, праќање абери по другари и другарки, киснење пред школата каде што учи и додворување на сите можни начини.