Внимавајте: Ако планирате да одите со миленик на плажа, почитувајте ги правилата или ќе платите казни

Одењето на плажа со миленик некогаш може да биде многу забавно, но постојано треба да бидете внимателни за да не дојде до неочекувани казни.

Ако летово планирате да одите некаде на море, веројатно ќе побарате плажи на кои е дозволено да го понесете и својот миленик, за да може и тој да ужива во летните морски радости. Но на таквите плажи ќе морате да се придржувате до пишаните правила за однесување. За таа цел ви издвојуваме неколку правила на бон-тон за кучиња на плажа.

Повеќето од сопствениците на миленици се одлучуваат на летување да го понесат со себе и своето куче, кој е член на семејството. Доколку сте во можност тоа да го изведете, тогаш тоа ви е подобра варијанта отколку да го оставите некому на чување.

1. Собирајте го изметот

Секогаш, собирајте го изметот на својот миленик. Луѓето по плажите сакаат да шетаат босоноги, а „мините“ кои ги оставаат вашите миленици можат да им го нарушат уживањето и одморот на кои имаат право. Во никој случај немојте да го закопувате изметот во песокот и не го оставајте со очекување дека морето ќе го однесе. Затоа секогаш со себе носете си кеса во која ќе го ставите изметот.

2. Секогаш држете го на око

Колку и да е послушен и добар вашиот миленик, во секој момент треба да знаете каде се наоѓа. Ако не внимавате тоа може да се впушти во борба со друго куче, или да касне некого, да повреди друго куче, да изврши нужда без ваше знаење, а може и да претрча преку луѓе кои се сончаат. Исто така имајте на памет дека кучето може да се разболи од голтање на солена вода или да добие сончаница.

3.Пуштајте го кучето само ако е послушно

Доколку вашето куче го учите на команди и го дресирате да буде послушно, немојте да го пуштате. На плажите има многу работи кои можат да го привлечат неговото внимание, и ако сеуште не е научено да се одѕива на вашиот повик, тоа може да се загрози себеси или другите на плажата.

4.Придржувајте се на правилата на плажата

Ако на плажата сте со вашето куче, а кучето не може да се пушта од ланче, придржувајте се за правилата, без разлика на тоа колку кучето е пристојно и добро воспитано. непочитувањето на плавилата во најдобар случај може да ви донесат непријатност, а во најлош случај, казна од комуналните редари или молба да ја напуштите плажата.

5.Мислите и на другите

Плажата ќе ја делите со другите луѓе и кучиња, освен ако не сте на приватна плажа. Затоа немојте да го пуштате кучето онаму каде што не смее да оди и потрудете се да не ги вознемирува другите луѓе и животни. Ниту другите љубители на миленици не сакаат кога наводенето куче ќе им прошета преку пешкирот или ќе им се истресе покрај нив. Имајте на памет дека на плажата сите дошле за да се одморат и да уживаат во својот одмор, затоа овозможете им го тоа.