Влажните коловози - причина за неколку сообраќајки низ земјава

Влажните коловози низ земјава предизвикаа низа сообраќајни несреќи вчеравечер на повеќе локации низ Македонија. 

Синоќа во прекин беше сообраќајот на неколку патни правци поради случени сообраќајки, за среќа без човечки жртви. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.