Владата го усвои законот за употреба на јазиците

Законот за употребата на јазиците, со кој се унапредува користењето на албанскиот јазик помина на вечерашната владина седница.

„Униформите на полицијата; пожарникарството; здравството; во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се напишани на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.“

За двојазичност на униформите на армијата ќе се бара мислење од Венецијанската комисија. Исто така, законот предвидува парите и поштенските маркички да содржат симболи значајни за Македонците и за Албанците.

„Книжните и кованите пари како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.“

Со предложените измени, се предвидува граѓаните да имаат право да употребуваат било кој од наведените службени јазици и нивните писма. Институциите ќе имаат обврска да им овозможат на граѓаните да ги користат и применуваат тие службени јазици.

Предлог-законот веќе денеска ќе биде испратен во собраниска процедура.

Вчера вицепремиерот Бујар Османи на Фејсбук објави дека е излгасан предлогот за ново законско решение за примена на јазиците и притоа му се заблагодари за заложбите на Али Ахмети, лидерот на ДУИ.

Османи напиша дека законот ќе биде со европско знаменце, што значи дека ќе биде носен во брза постапка во Собранието на Република Македонија.

Предлог законот за јазиците ќе биде испратен на рецензија до Венецијанската комисија. Владата, спред Планот 3-6-9 се обврзала да ги почитува препораките од комисијата.

Предлог-закон за униформите:

„Униформите на полицијата; пожарникарството; здравството; во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се напишани на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.”

За двојазичност на униформите на армијата ќе се бара мислење од Венецијанската комисија. Исто така, законот предвидува парите и поштенските маркички да содржат симболи значајни за Македонците и за Албанците.

Предлог-закон за јазикот:

„Книжните и кованите пари како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.”

Ова значи дека не се предвидува албанскиот да се користи и на парите, туку само на нив да се аплицирата елементи значајни за Албанците. Според нашите информации, за разлика од Уставот, во законот експлицитно се наведува терминот „албански јазик”. Имено, во Уставот актуелно не се споменува албанскиот јазик, туку само формулацијата „јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните”.

Во членот 1 од законот се наведува:

Член 1

На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик), исто така е службен јазик и неговото писмо, согласно овој закон.

Исто така, се предвидува граѓаните да имаат право да употребуваат било кој од наведените службени јазици и нивните писма. Институциите ќе имаат обврска да им овозможат на граѓаните да ги користат и применуваат тие службени јазици. Инаку, предлог-законот е можно веќе утре да биде испратен во парламентарна постапка.