Вкусот на Италија во Скопје

Најнови италијански рецепти од регионите Тоскана и Венето ќе бидат промовирани на 8 февруари во Јавна соба, во рамки на проектот „Вкусот на Скопје”.

За подготвување на јадењата е задолжен готвачот Марк де Јонг. 

- Секогаш користиме исклучително квалитетни производи за приготвување на храната преку која ја раскажуваме приказната за одреден регион или земја. Во оваа пригода на публиката ќе и доближам многу поразлична италијанска кујна. Излегуваме од стереотипната италијанска храна што је има на секое ќоше и подготвуваме патесо ф’стаци, бифтек на венецијански начин,... Ова се рецепти кои дома лесно се подготвуваат, па затоа и сакам да им ги подарам на луѓето, вели де Јонг.

Со серијата кулинарски настани во рамки на двегодишниот проект „Вкусот на Скопје” се организираат тематски вечери и работилници наменети за пошироката јавност која е подготвена одблиску да запознае нова култура и да ги зголеми своите кулинарски вештини.