Виз Ер скопскиот маратон воведува дигитален стартен пакет

Во соработка со „Еventbaxx“ од Германија, „Виз Ер Скопски маратон“ оваа година воведува иновативен новитет, дигитален стартен пакет. Организаторите на маратонот велат дека на овој начин спонзорите, тркачите и животната средина, сите ќе имаат придобивки од новиот концепт, кој се спроведува низ целиот свет.

„Концептот, заснован на „Еventbaxx“ и „Виз Ер Скопски“ маратон, ќе се фокусира на одржливост и дигитализација. Главната цел ќе биде потполното задоволување на потребите на учесниците. „Eventbaxx“ ги заменува флаерите и други хартиени материјали. Така, Виз Ер Скопски маратон и спонзорите ќе можат директно да им се обратат на сите учесници.

Секој тркач на својата емаил адреса добива дигитален пакет кој вклучува корисни информации за трката и понуди од спонзорите. Промоциите презентирани во дигиталниот пакет се со висока додадена вредност за сите тркачи. Проектот за одржливост и намалување на користењето на хартија совршено се вклопува во концептот на „Виз Ер Скопски маратон“ за намалување на емисиите на стакленички гасови и за зачувување на животната средина“, информира организаторот.

Пријавувањето за „Виз Ер Скопскиот маратон“ е во тек и на 28 февруари истекува третиот бран на пријавување. За повеќе информации може да се посети страната: www.skopskimaraton.com.mk