Виз Ер наскоро воведува нова линија од Скопје

Нискобуџетната компанија Виз Ер наскоро планира да лансира нова авио линија од скопскиот аеродром "Александар Велики" до Братислава во Словачка пренесува словачкиот портал Slovak Aviation. Веб страната открива дека летовите ќе започнат идното лето, а информацијата треба официјално наскоро да биде соопштена. 

Словачкиот главен град е на само 50 километри источно од Виена и одлично поврзан со аеродром во тој град. Австрија е држаа каде што има голема македонска дијаспора, а Виена е трета најпопуларна десинација од скопскиот аеродром после Истанбул и Цирих.

Иван Трклик, директор на братиславскиот аеродром во август летово најави дека нискобуџетните летови од Скопје до Братислава треба да започнат да се реализираат од март следната година. Главната цел на воведување на овие летови е добра и ефтина конекција помеѓу Скопје и Виена.