Вистината позади сексот за една вечер

Ослободувањето на либидото е одлична работа, но дали вашата желба е насочена само кон сексот за една вечер?

Жените само сакаат да се забавуваат. Притоа некои ја губат контролата и стануваат интимни со некој кој што само што го запознале без да чувствуваат никаква вина. Од случајни мажи само за секс, до пријатели со „бенифиции“, изборот на сексот без обврски е голем. Но дали сте сигурни дека ќе можете да се справите со емоциите и откакко ќе имате ваков тип на секс?

1. Ако може тој, можам и јас

Мажите и жените различно реагираат на емоциите. Далеку помал број на жени отколку мажи, може да имаат секс без обврски без емоционално предавање и заминување без никакви очекувања. За оние кои не можат да го направат тоа, секогаш постои опасност за бидат емоционално повредени. Пред да се впуштите во ваква авантура добро размислете дали можете да ги поднесете последиците, исто како и тој.

2. Бидејќи сум слободна може да имам секс без обврски

Често, овој тип на секс е израз на болно раскинување на врска, па затоа многу жени не сакаат да бидат ранливи како во предходната врска. Веројатно многу од нив се уште имаат чувства кон својот поранешен партнер и сакаат да се ослободат од нив со менување на што повеќе партнери. Размислете дали ќе го користите сексот за да ја пополните оваа празнина. Исто така, знаеме дека веројатно уплашено бегате за да не бидете повторно повредени. Паметно е да се расчисти со минатото, за да можете да побарате мир во иднината.

3. Мажите може да се носат со тоа

Ако некој маж ве привлекува, сте оствариле одлична комуникација, тогаш можете да видите колку далеку можете да стигнете. Ако сексот се случи премногу рано, тој ќе се прашува дали и со другите мажи веднаш сте завршиле во кревет, како и со него. Затоа, пред да се впуштите, имајте на ум дека со сексот за една вечер мажот може да не ве доживее како потенцијална партнерка во сериозна врска.

nike air max 1 sale