Вистина или шпекулации, има ли незадоволство во СДСМ од пратеничките листи?

Седниците на Извршниот и Централниот идбор на СДСМ на кои се кројат пратеничките листи кои треба да бидат верификувани од делегатите на Конгресот се зад затворени врати, но истекуваат информации, и вистинити и лажни од оние кои не се на добитно место или воопшто ги нема. Во медиумите многу вести но и деманти.

Досегашниот истакнат и форсиран пратеник Дарко Каевски, револтиран од својата позиција на предложената листа побарал неговото име да се избрише.Тој е седми во ИЕ 1. Тој пак ги демантира информациите во дел медиуми дека на состанокот на Извршниот одбор, тој и ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски демонстративно ја напуштиле седницата.

,,Ова не е точно, станува збор за целосна невистина. Наводите во текстот целосно ги демантирам. Ширење невистини нема да помогнат никому. СДСМ е силна и оди на победа на изборите”, напиша на ФБ Каевски.

Некои медиуми објавија а потпретседателот на СДСМ и директор на Царина, Стефан Богоев, демантира дека го напуштил состанокот.

,,Ова не е точно воопшто! Јас сум бил во СДСМ против режимот на ДПМНЕ кога беше најтешко, тука сум и сега, ќе останам и во иднина!“, пишува Богоев во објава на ФБ. Тој воопшто и не се наоѓа на листите.

Наводно незадоволен бил и Оливер Спасовски од тоа како лидерот ги ктоел листите.Но Каевски демантираше веста дека и Спасовски ја напуштил седницата. Тој е носител во ИЕ 2.

Што точно е вистина ќе се знае на Конгресот.