Викендов седете си дома: Стабилизирање на времето од понеделник

Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Преку денот ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен во котлините на север и в долж Повардарието, а брзината на ветерот повремено ќе надминува 60 км/час.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од 11 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 16 степени.Во наредните денови се очекува стабилизирање на времето.

Ќе дува ветер од јужен правец.

Утринската температура во недела на места ќе се спушти под нулата, а дневната температура ќе биде во пораст и ќе достигне над 20 степени во регионите на југоистокот.

Во вторник се очекува температурата на југоисток да достигне 24 степени.