Викендов доаѓа првиот снег

Утринава низ земјава има појава на слаба магла во скопскиот регион и умерена облачност низ останатите места.Температурата во глобала е над 0°С, пишува сецијализираниот портал за временска прогноза МетеоПро.

Претпладнево и рано попладне остаува умеренета облачност, додека попладне очекуваме постепено разведрување.

Очекуваме максимална температура од 18°С до 21°С низ поголем дел од низинските места, а во југоисточниот крај околу 23°С. На повисоките места максималната температура нема да надмине 18°С.

Четврток и петок ќе поминат во генерално време и температура слична на денешната.

Сабота ќе биде претежно облачна, со покуси сончеви периоди, додека недела во најголем дел од земјава ќе биде облачна и дождлива. Температурата ќе биде пониска во однос на претходните денови за околу 5°С.

Како стојат работите, снег се очекува од сабота вечер, но само на планините, додека низинските предели сега за сега ќе почекаат за снежни врнежи. Снежните врнежи на повисоките планини ќе се интензивираат во недела навечер.