Ако не му се допаѓате, зошто ви се допаѓа?

Иако ова се случува и кај двата пола, јас можам да зборувам само од женска гледна точка. Без оглед на тоа дали типот ќе ве откачи или едноставно исчезне, зошто жените обично продолжуваат да висат и да го чекаат да се јави пак? Зошто рационализираме и се надеваме на објаснување кое ќе направи пресврт? Зошто ги игнорираме нашите инстинкти? Го знаеме одговорот на прашањето. Сепак кога не ни се допаѓа одговорот, го игнорираме и си велиме дека можеме да го предомислиле. Како тоа да може да го избрише тоа што претходно се случило.

Нашата приврзаност води кон тоа да веруваме дека ни е потребна таа личност, кога реално ние само ги посакуваме.

Правањето разлика помеѓу потреба и посакување е полесно во теорија отколку во пракса. Овој концепт звучи едноставно, но кога дејствуваме само со чувствата, не размислуваме трезвено. Зошто дозволуваме чувствата на една личност да ни го определуваат расположението?

Ако на некого не му се допаѓате, не му се допаѓате. Зошто би сакале да бидете со некој кому не му се допаѓате? Не дозволувајте фрустрацијата или стравот од осаменост да го диктираат вашет однесување.

Ако некој не ве сака и вие не го сакате него.

Не се сомневајте во себе. Немојте да седите и да се прашувате дали треба да праќате порака, да се правите тешки за освојување или премногу да ја анализирате секоја интеракција којашто сте ја имале со оваа личност. Оставете го тоа.

Ако сакате да му пишете – пишете му. Ако сакате да го видите – направете напор да го видите. Ако сакате да се дружите – направете план за излегување. Голема девојка сте. Да, можеби нема да ви врати на пораката. Можеби нема да се потруди да ве види. Можеби нема да сака да се дружите. Знаете што? Тоа е океј. Ако тоа се случи, значи не му се допаѓате.

Ако не му се допаѓате, значи нема причина тој да ви се допаѓа. Да, можеби прво ќе бидете разочарани. И да, грдо е чувството. Ве сфаќам. Но, знаете што? Ако се чувствувал поинаку, би знаеле, верувајте ми. Веќе го знаете одговорот. Прифатете го тоа и продолжете, за вас.

Врските се двонасочна улица. Ако во неа сте сами, нема шанси да успее. Врските се доволно тешки и кога двајца луѓе се во неа. Луѓето се различни и тоа е океј. Дајте си себеси повеќе заслуги, вие не заслужувате просечност и медиокритет. Размислете пред да дејствувате и употребувајте ја главата. Дозволете му на срцето да си го каже своето, но не дејствувајте само врз основа на чувства или првични реакции.

Па што ако тој не е нешто заинтесиран за вас? Сигурно ви се случило и вам ситуација кога некому навистин сте му се допаѓале, но вие не сте ги делеле истите чувства. Без оглед на причините: не ви биле физички привлечни, претходна оцена или погрешно време – не ви се допаѓале.

Вие заслужувате да бидете на иста бранова должина со некого. Заслужувате тимски играч. Заслужувате некој кој ќе ви го чува грбот. Под сето тоа, заслужувате пријател. Вистински и искрен пријател кој безусловно ќе ве поддржува. Ова служи како основа за вистинска врска. Не зборувам за сите оние луѓе кои се изневеруваат, кои зборуваат колку се несреќни со својот партнер или оние коишто не знаат да бидат сами.

Јас зборувам за луѓето кои се во врска, бидејќи тие пронашле некој кој вреди. Пронашле некој за кого вреди да се борат. Секој еден од нас го заслужува тоа.

Заслужуваме да биде нечиј недвосмислен прв избор. Ако не сте нивниот прв избор, тогаш зошто би сакале да бидете со нив?

Не се омаловажувајте себеси. Не треба да убедувате некого дека треба да му се допаѓате. Не функционираат така работите. Не дозволувајте да ве обземе чувството на разочараност.

Вие сакате да бидете нечиј прв и единствен избор и сакате тие да бидат ваш прв избор.