Видео: Промовирана песната на Калиопи за Евросонг

Вечерва, во винскиот клуб Воденица во Скопје нашата поп дива Калиопи ја промовираше песната “Дона” со која ќе ја претстави Македонија на 61 издание на Песната за Евровизија.

Годинешниот Избор на песната на Евровизија ќе се одржи во мај, во Шведска, Стокхолм. Композитор на песната “Дона” е Ромео Грил, што значи дека Калиопи и на својот втор настап на најголемото европско музичко натпреварување, популарниот Евросонг, ќе ја претставува Македонија со песна од композиторот со кој во 2012, во Баку, Азербејџан стигна до одличното 13то место.