Ветената земја за Македонците, платата достигнува и до 12.000 евра

Архитектура, угостителство, медицина, авиоиндустрија, фитнес-индустрија, едукација, трговија, маркетинг, ИТ, обезбедување и дизајн, се само дел од областите во кои има побарувачка за работници од Балканот во Обединетите Арапски Емирати.

Макеодниските работници се добредојдени во оваа земја каде за некои професии платата достигнува и до 12.000 евра месечно.

Платите во ОАЕ:

Инженер – 2.500–12.000 eврa

ИТ сектор –  2.500–12.000 eврa

Aрхитект – oд 4.000 eврa

Професор – 4.000–8.000 eврa

Наставник – 2.000 – 3.000 eврa

Стујардеса – 3.000 eврa

Фитнес тренер – oд 2.500 eврa

Угостителство – oд 1.500 eврa

Aко знаете англиски и имате диплома, шансите за добивање на добра работа се поголеми. Препорака е да не се прифаќаат работни места за кои сместувањето не е обезбедено, бидејќи изнајмување на стан во ОАЕ чини најмалку 1.000 евра.