Велигденски чоколадни мафини

Испробајте го овој рецепт за сочни чоколадни мафини со вкусен чоколаден крем…

Потребно е:
за мафините:
50 г какао во прав
100 г брашно
1 лажиче прашок за печиво
прстофат сол
160 г путер, на собна температура
180 г шеќер
1 ванилин шеќер
3 јајца
120 мл кисела павлака

за кремот:
200 мл слатка павлака
200 г млечно чоколадо

Подготовка:
– Во еден подлабок сад измешајте ги сите суви состојки – брашното, прашокот за печиво и какаото.

– Во друг сад пенесто изматете го путерот со шеќерот, ванилиниот шеќер и прстофат сол.

– Додадете ги јајцата едно по едно. Намалете ја брзината на миксерот и постепено дададете ги сувите состојки и киселата павлака.

– Смесата распоредете ја во калап за мафини, во кој претходно сте ставиле хартиени кошнички за печење. Секоја кошничка наполнете ја 3/4 од волуменот.

– Ставете да се печат во загреана рерна на 180 Целзиусови степени 15-20 минути. Проверете со дрвена чепкалка за заби дали се печени.

– Загрејте ја слатката павлака до вриење и додадете го чоколадото искршено на парчиња. Мешајте додека да се растопи чоколадото. Оставете го кремот да се излади на собна температура, а потоа кратко, околу 15 минути, ставете го во фрижидер. Извадете го од фрижидер и кратко изматете го со миксер.

 

– На секој мафин одозгора ставете по 2-3 лажичиња од кремот.

– На крај посипете со изрендано чоколадо и украсете со мали чоколадни јајца во боја.

Air Force 1 Low Upstep BR