Веќе не велиме збогум. Само престануваме да одговараме на нивните пораки и повици. Се преправаме дека не ги знаеме коа ќе ги видиме и се однесуваме како странци. Преминуваме на другата страна и не нè интересира како се чувствуваат тие.

Не ни е важна нивната болка и се однесуваме како да не сме ги повредиле. Мислиме само на себеси и воопшто не ни е важно како се чувствуваат тие.

Стануваме дистанцирани, речиси невидливи и не сакаме да се објасниме. Не ни се сеќаваме која е причината зошто ни се лути. Си велиме дека драматизираат.

Кажуваме „збогум“ кратко откако ќе им кажеме „здраво“. Се откажуваме од нив дури и пред да ги запознаеме, пред да се обидеме да ги разбереме и да слушнеме што имаат да кажат. Велиме збогум бидејќи сме нашле нешто подобро или се надеваме дека ќе најдеме. Велиме збогум и се надеваме дека не треба да бидат повредени бидејќи не им должиме ништо, не сме им ветиле ништо. Се убедуваме себеси дека немаат право да се чувствуваат навредено.

Не се збогуваме веќе. Не објаснуваме, не се трудиме да осигуриме дека другата личност ќе биде во ред. Само заминуваме. Не погледнуваме веќе назад  бидејќи тоа не ни одговара.Тоа прави да мислиме дека сме силни, дека ние сме тие што имаат контрола.

Не се збогуваме веќе. Велиме само дека не ги сакаме, да не остават на мира. Им велиме дека не се вредни за нашето време. Не се грижиме дали ќе го скршиме нивното срце, бидејќи според нас тоа и никогаш не било наше.