Вечерва во МКЦ фестивал „Градот ме тера да пеам“

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечер, во 21 часот, ќе се одржи 12-то издание на ПМГ Рекордингс фестивалот со наслов „Градот ме тера да пеам“.

На првиот и главен подиум, гости и ѕвезди на фестивалот се Ниплпипл (Nipplepeople) од Загреб, Хрватска, еден од најпопуларните електро – поп бендови во регионот. Целовечерен концерт ќе има македонскиот бенд „Луфтанза“. Тие пред неколку дена го издадоа новиот албум „Давор“ за ПМГ Рекордингс, кој ќе го промовираат на концертот.  Ќе настапи бендот „Хајка“, кои ќе го промовираат новиот видео спот.  Програмата на главната сцена ќе ја надополнат и младите битолчани „Cut Your Nipple“ и скопскиот електро-етно-џез состав „Кантон6“.

Вториот подиум за танц, под името „PMG Tanz Digital stage“, ќе биде отворен во холот пред киното „Фросина“ и ќе биде целосно посветен на електронската музика. Настап во живо ќе има кавадарчанецот Зоран Веселинов, а со диџеј сетови ќе се претстават Галатеа, Андреја Салпе и Виолета Качакова.

ПМГ Рекордингс фестивал е годишна смотра на истоимената дискографска куќа, која има повеќе од 200 изданија. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура.