Вечерва сите во Градскиот парк: „Види музика, слушни слика, добиј книга“

Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар ве канат на магично патување! 

Во Градскиот парк во Скопје, под отворено небо, денеска со почеток од 21.00 часот ќе ечи музиката на една од највлијателните музички групи на сите времиња – „Пинк Флојд“!

Јубилејниот, десетти спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга!!!“, ни ги носи вечните теми на музичката четворка и тоа со симфониски оркестар!

Диригирање и аранжман: Џијан Емин
Солист: Ади Имери – вокал и гитара

И годинава на подарок добивате добра книга – „За одењето по мраз“ од Вернер Херцог, а мелем за очи повторно ќе бидат ликовните перформанси, овојпат на уметниците Јулијана Гешовска и Илија Спасовски-Чендо.