Ванковска за Силјановска Давкова: Нека биде повеќе како Индира Ганди или уште подобро - Сирма Војвода

Порфесорката Билјана Ванковска, која беше кандидатка за претседателка од Левица, но отпадна во првиот круг од претседателските избори, со честитка за победата на Гордана Силјановска Давкова

- Честитки за првата жена претседател на Републиката! Ја знам онаа изрека на Маргарет Тачер (за жените кои можеле сѐ да завршат подобро од мажите), но искрено се надевам дека таа нема да ја следи идеологијата на тачеризмот и неолиберализмот.

Нека биде повеќе како Индира Ганди или уште подобро - Сирма Војвода! - порача Ванковска во објава на својот фејсбук профил.