Рецепт, кој ќе ве врати во детството. 

Состојки:

 200 гр маст
 4 лажици шеќер
 1 јајце
 1 жолчка
 сок и рендана кора од лимон
 500 гр брашно (може и 100 гр мелени ореви со 400 гр брашно)
 шеќер во прав (за валкање на ванилиците)
 џем (по вкус)

Подготовка:

Пенесто изматете ја маста. Потоа додадете ја жолчката и едно цело јајце, сокот и кората од лимонот. Во таа смеса додадете го брашното, замесете тесто и оставете го малку да отстои.

На даска којашто претходно сте ја наросиле со брашно, развлечете кора со дебелина од околу 0.5 – 1 сантиметар. Со модла вадете мали парчиња, а потоа редете ги во подмачкано тавче. 

Печете на 180 степени Целзиусови, околу 15 до 20 минути. Притоа внимавајте парчињата да останат бели. Кога ќе се изладат, ваниличките премачкајте ги со џем (по вкус) и составувајте ги две по две. На крајот извалкајте ги во шеќер во прав.