Утрово пукано кон таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски

Утрово во Скопје било пукано кон таткото на Самоил Костадиновски, кој исчезна пред неколку месеци.

- Денеска во 08.38 во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Аеродром едно лице пукало и го повредило Љ.К(57) пред неговиот дом. Повредениот бил пренесен во комплекс клиники ,,Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

26-годишниот Костадиновски, кој е внук на поранешниот министер Љубе Бошкоски, исчезна на 4 март, а последен пат бил забележан во близина на Чешката амбасада како влегува во автомобил.